Од идната година жителите на Теарце и околните села ќе се снабдуваат со електрична енергија од 7 мали хидроцентрали кои се градат во оваа тетовска општина. Три од нив се градат на реката Бистрица, веднаш над Теарце. Да крајот на оваа година се очекува две да бидат предадени во употреба, а третата се очекува да се заврши до крајот на април 2014 година. Освен за електрична енергија, централите ќе обезбедат и вода за пиење за три околни села. Највисоката мини-хидроцентрала на реката Бистрица се гради на 1160 метри надморска височина а најниската е на 600 метри. Вкупната моќ на овие три електрокапацитети ќе биде 7,5 мегават-часови и се очекува годишно да се добијат околу 20 гигават-часови електрична енергија. Вредноста на сите 7 мини-хидроцентрали кои се градат во општина Теарце, другите четири ќе се градат во селата Одри и Доброште, изнесува 22 милиона евра.
Од идната година жителите на Теарце и околните села ќе се снабдуваат со електрична енергија од 7 мали хидроцентрали кои се градат во оваа тетовска општина.
Три од нив се градат на реката Бистрица, веднаш над Теарце. Да крајот на оваа година се очекува две да бидат предадени во употреба, а третата се очекува да се заврши до крајот на април 2014 година. Освен за електрична енергија, централите ќе обезбедат и вода за пиење за три околни села.
Највисоката мини-хидроцентрала на реката Бистрица се гради на 1160 метри надморска височина а најниската е на 600 метри. Вкупната моќ на овие три електрокапацитети ќе биде 7,5 мегават-часови и се очекува годишно да се добијат околу 20 гигават-часови електрична енергија. Вредноста на сите 7 мини-хидроцентрали кои се градат во општина Теарце, другите четири ќе се градат во селата Одри и Доброште, изнесува 22 милиона евра.
Министерот за економија Ваљон Сараќини, информира дека во земјава досега се изградени 17 мали хидроцентрали, а до крајот на годината се очекува да бидат изградени уште 15 објекти. На државно ниво потпишани се 68 договори за градби на мини-хидроцентрали чија изградба ќе чини 120 милиони евра. Тие ќе треба да произведат од 40 до 50 гигават-часови електрична енергија годишно – рече министерот Сараќини.